Home Популарно Шпанија од понеделник ги отвора рестораните и кафулињата !

Шпанија од понеделник ги отвора рестораните и кафулињата !

Строгите мерки во Мадрид и Барселона од понеделник ќе бидат олеснети – ќе бидат отворени рестораните и кафулињата, но само летните тераси, а ќе биде дозволено и на едно место да може да се собере група до 10 луѓе. Во другите региони, пак, што не се толку погодени од коронавирусот, ќе бидат отворени кината, театрите, музеите, училиштата…

Шпанија во некои региони  на почетокот од овој месец започна со олеснување на мерките кои беа едни од најстрогите во Европа, но целосните мерки останаа на сила во Мадрид и Барселона поради големиот број случаи на коронавирус во овие градови.Во Барселона, оваа недела плажите беа отворени за прошетки, но пливањето и сончањето се забранети.

Баровите и рестораните во Мадрид и Барселона од понеделник ќе може да ги отворат летните тераси, но со половина капацитет.На црквите ќе им биде дозволено да ги отворат повторно своите врати, а луѓето ќе можат да патуваат надвор од градовите во кои живеат.

Другите области на Шпанија ќе влезат во втората фаза на враќање во нормалниот живот. Во овие региони театрите, кината, уметничките галерии и музеите можат да отворат од понеделник со не повеќе од една третина од капацитетот, некои училишта ќе почнат со работа и повторно ќе бидат дозволени некои активности на отворено, како лов и риболов.

Патувањето помеѓу регионите, сепак, останува забрането.Шпанија е една од најтешко погодените земји во светот од коронавирусот со 27.940 пријавени смртни случаи и 233.037 заболени.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Короната ги откажа манастирските ручеци за Спасовден

Короната и посебните мерки за безбедност ги откажаа манастирските ручеци за големиот христијански празник Спасовден. Иако овој ден како своја слава го...

Короната во Штип не застанува. Денес нови 9 случаи

Короната во Штип не застанува. Денес се откриени нови 9 случаи на позитиовни на ковид 19. Од нив, 7 се вработени во...

Карбинци решава клучен проблем. Започна градбата на пречистителната станица

Карбинци решава клучен проблем. Започна градбата на пречистителната станица . 105,3 мил. денари е вредна идната пречистителна станица во карбинската општина...

Спасовски од Карбинци го повика ВМРО на разумност

Тех. премиер Оливер Спасовски денеска од Карбинци каде што беше по повод денот на општината, го повика ВМРО ДПМНЕ на разумност и...

Инспектори ќе ги едуцираат угостителите

Инспекторски тимови во наредните 10 дена активно ќе ги едуцираат угостителите за примена на протоколите за спречување на коронавирусот...