Штипска текстилна компанија ги принудувала работниците да земаат кредити

0
1737

Штипска текстилна компанија ги принудувала работниците да земаат кредити, реагираат вработени од компанијата до редакцијата на Телевизија Стар…

… Газдата ни нареди на сите задолжително да примаме плата преку една банка, плус сите да земаме кредит од најмалку илјада евра, во спротивно ќе немало плата да ни дава. Тој зема кредит преку таа банка, заложувајќи ги машините како гаранција. Прашуваме, дали има Закон за овој човек, преварант, кој од ништо стана нешто. Од 350 вработени, останавме 170, а требаше да вработи уште илјада работници. Условите за работа се никакви. Прима јуруци од околните села. Оние јуруци, кои ја напуштија работата велат дека земал пари за нив како донација од некоја турска организација. Но, парите добиени на ваков начин не им ги давал. Затоа новопримените се скараа со газдата. За да не дадат отказ другите, газдата мораше да направи покачување на платата на другите за  проблемот да не се расчуе. Газдата секој месец, зема кредити и ја задолжува фирмата. Во фирмата доагаат преставници од сите банки. Ги шета по фирмата, им ја покажува опремата и магацинот со готова стока, како гаранција. Но, веќе никој не му верува и дава кредит, освен една банка. И ветил, сите ние вработени во компанијата ќе земаме плата преку нејзе и ќе подигнеме кредит од најмалку илјада евра,а тој затоа ќе профитира. Инаку, и денеска на овој тежок празник работиме, бидејки газдата не признава празници. Се фали дека никој не му може ништо оти имал пари и се можел да купи“, стои во денешната реакција на вработените до редакцијата на ТВ Стар.

За случајот, Телевизија Стар денес се обиде да стапи во контакт со сопствениците на истата. Со оглед на тоа дека обидот помина неуспешно, одговор повторно ќе побараме во наредните денови, кога и ќе биде откриено за која компанија станува збор..

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here