Штипскиот градоначалник подели Новогодишни пакетчиња во Центарот Искра.

713

Штипскиот градоначалник Благој Бочварски денес Во Центарот за деца со посебни потреби Искра подели Новогодишни пакетчиња. Присутните дечиња емотивно ги прифатија вниманието и подароците од првиот граганин на Штип.
„Поделив 60-тина пакетчиња на деца со попреченост,кој што се многу значајни во нашето општество и кој што сакаме да придонесеме со нашата секојдневна активност да направиме за поголема инклузија во општеството за нив и за сите останати дечиња.Така што денес имав прилика да остварам средба со нив, со директорот на училиштето Искра “изјави Благој Бочварски- градоначалник на Штип
Благодарност за вниманието и досегашната соработка искажа директорот на Центарот Тони Петрушев.
„Од името на учениците, вработените и од мое лично име сакам да се заблагодарам на локалната самоуправа и градоначалникот Благој Бочварски за тоа што и оваа година не не заборавија и со своите пакетчиња да ги разубавиме и направиме посреќни“изјави Тони Петрушев- директор на ДУЦ Искра