Штипските училишта ја почнаа новата учебна година со 200 првачиња помалку од планираното

0
118
  • Многу сме среќни што сме прво одделение, ќе учиме да пишуваме, да броиме. Имаме се што треба, тетратки, блокови, боици, рекоа првачиња.

Расположени и возбудени беа 397 првачиња од Штип за кого денес започна учебната година. За нив денес сите училишта организираа свечен прием:

  • Во нашево училиште годинава се запишаа 137 првачиња од кои 122 се во централното училиште, а останатите во подрачното, истакна Методи Папаров, дир. на ОУ „Ванчо Прке“ – Штип.
  • секоја нова генерација е ново возбудување и нов предизвик, кажа Фросина Камчева, одделенски наставник.

За останатите основци и средношколци, учебната година започнува на 03 септември. Сите училишта се подготвени за прием на учениците:

  • Сите простории се средени, ќе има кабинетска настава, а кабинетите се опремени со потребните средства, истакна Миле Младеновиќ, дир.а на ОУ „Димитар Влахов“ – Штип.

Среќен старт на учениците и наставниците денес им поскака и штипскиот градоначалник:

  • Општината и понатаму ќе инвестира во образованието, во реконструкција на училиштата и подобрување на условите, рече Благој Бочварски, градоначалник на о. Штип.

Инаку, годинава Штип запиша нешто под 200 првачиња помалку од планираното и 300 ученици помалку во прва година средно.

Токму и поради ова, речиси во сите училишта, се формираа паралелки со помал број на ученици.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here