Home Регион Штипски пензионери шијат дома, а Фирма од Делчево ...

Штипски пензионери шијат дома, а Фирма од Делчево изработува специјални маски за медицинскиот персонал

Пластични заштити за лице, изработи фирмата од  Делчево. Велат дека во нивниот случај не станува збор за  платно или ткаенина  туку за нешто сосема друго.

„Користиме материја која е провидина и флексибилна да се произведе и да се изработи една маска. Се надеваме дека маската ќе е функционална за нашите доктори да се заштитат од првиот удар“ изјави  Драган Сугарев, „Брегал“ – Делчево

Од овие причини, нивните маски  се наменети исклучиво  за медицинскиот  персонал, велат за ТВ Стар од фабриката. Досега на инфективните одделни и во сите болници во Државата се распределени над 200 маски

„Мотивот беше да се изработи и да се донира за нашиде доктори да се заштитат и од срце да се донират на сите болници“ изјави Драган Сугарев, „Брегал“ – Делчево

Во исто време, голем број пензонери од Штип  слободното време  исто така  го користат посветено на  општетствениот проблем.  Сите тие  шијат маски дома. 

„Ние како Здружение на пензионери – Штип, се приклучуваме на препораките на Владата на РСМ, и за нашите членови пензионери во овој период кои имаат слободно време на претек, решивме да сошиеме 3000 заштитни маски, што ќе бидат бесплатни за сите нив. Така да, ангажиравме поголем број на пензионери кои се вклучија во оваа така да ја кажам хумана акција, и маските ги шијат дома. Со нивна меѓусебна комуникација  верувам дека маските за кратко ќе бидат готови“, изјави Ристе Нетков – претседател на ЗП – Штип и Карбинци

Според  договорот, маските ке бидат готови до понеделник кога ке се делат на повеке пунктови во Штип.

„Во врска со изработката и дистрибуција на заштитните маски договорено е тие да се поделат пред влезовите од супер маркетите на Кир – Го во градот, во раните утрински часови во понеделник од 08.00 до 09.00 часот. Освен бесплатното делење на заштитни маски за пензионерите, ќе поделиме бесплатно и заштитни ракавици“, информира Нетков 

Во моментов, во дел од штипските конфекции се шијат околу 20.000 заштитни маски, наменети за граѓаните. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

Најбогатиот човек на светот, Џеф Безос донираше 100 милиони долари за храна !

Џеф Безос и неговата компанија Амазон, како дел од борбата против корона-кризата, ќе донира 100 милиони долари за сиромашните и најранливи групи...

Над 12.000 луѓе конкурирале за астронаут на НАСА и сакаат да бидат дел од новата мисија на месечината !

Над 12.000 луѓе се пријавиле да станат астронаути во новата програма на НАСА Артемис, објави американската вселенска агенција. Ова...

50 % од луѓето можат да го имаат Корона вирусот, но да немаат никакви симптоми, но ќе го пренесат на други !

Повеќе нови сознанија покажуваат дека луѓе без симптоми го поттикнуваат ширењето на корона вирусот, поради што во САД се разговара на високо...

Заради криза со вирусот на западот, кинескиот бизнис во опаѓање – Се бараат само заштитни маски !

Како што глобалната пандемија го зема својот данок кај извозно ориентираните производители, така се намалуваат и кинеските надежи за брзo економскo опоравување...

Коронавирусот зарази над еден милион луѓе на планетава !

Во целиот свет, 1.000.829 луѓе се заразени со новиот коронавирус, 51.356 лица починаа, додека 210.199 луѓе се опоравиле, покажуваат најновите...