Штипјанецот Методи Чепреганов дел од француска стручна енциклопедија

0
115

Француска енциклопедија за неуроимејџинг дијагностика, денес се промовираше во Штип. Се работи за издание кое е дело на 30-тина врвни лекарски имиња во светот. Меѓу нив, е и штипјанецот Методи Чепреганов, за кого делото претставува круна на неговиот стручен творечки опус.

Првото издание на енциклопедијата на француски јазик е излезена во 2006-та година, второто шест години подоцна :

„Второто издание Франција и Европа го награди со наградата „Херман Фишголд“, не ја добив само јас наградата, туку сите 30 лекари. Мислам дека тоа е една голема награда којашто практично го направи делото високо стручно“, кажа проф. д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар.

Стручната литература на Чепреганов е издадена на повеќе светски јазици, што за него е едно огромно признание :

„Тоа е за него круна за неговата работа и мислам дека тоа е голема заслуга која треба сите да ја одбележиме и почитуваме“, истакна Илија Џонов, промотор.

Во склоп на денешната промоција, професорот Чепреганов одржа предавање на тема „Нашето здравје и стресот“.

 

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here