Штипјани викендов на „Исар“ му направија штети како никогаш досега

2186

Штипјани викендов на „Исар“ му направија штети како никогаш досега. И овој пат, како пред неколку недели, душманско уништување на опрема, најмногу имало во Ново Село:
„Двете нови платформи во урбаната заедница Ново село пред Ректоратот и пред јаворот се комплетно уништени, еден контејнер од 1,1 метар кубен е фрлен вор. Отиња.Пред Домот на културата е уништена една корпа за отпадоци и се исечени попречните профили кои оневозможуваат паркирање на граѓаните “ изјави Јасмина Петешева, ЈП „Исар“ – Штип
Дел од опремата завршила на коловозот, па освен буџетот на “Исар“, на ризик се ставаат многу повежни нешта :
„Тоа предизвикува материјални финансиски штети на ЈП Исар,презивикува опасност на учесниците во сообраќајот бидејќи овие јавни површини се наоѓаат непосредно пред самата сервисна улица“ изјави Јасмина Петешева, ЈП „Исар“ – Штип
Од овие причини, од „Исар“ по којзнае кој пат апелирата за одговорност и коректност:
„Јавното претпријатие Исар прави напори за подобрување на квалитетот на животот на граѓаните,ги замолуваме граѓаните кон секоја урбана опрема која ја поставува ЈП Исар да се однесуваат совесно“ изјави Јасмина Петешева, ЈП „Исар“ – Штип
Инаку, минатата недела речиси и да немаше ден да не гори некој контејнер.
Сево ова, собрано на едно место, за Претпријатието значи месечна штета од околу 500 евра, пари кои се собираат од граѓаните. Наместо во нови инвестиции, тие завршуваат за непотребни санации.