Штипјани добро се држат на високите температури. За разлика од лани, ова лето има помалку мозочни удари

0
77

Штипјани отпорни на променливото јулско време, говорат податоците од Неворлогија при штипската Клиничка болница. За половина е преполовен бројот на примени пациенти со мозочен удар во јули во однос на мај, како и мозочно крварење.

  • Бројот на пациенти со исхемичен мозочен удар во мај се евидентирани 41, во јуни 48, а минатиот месец само 21. Бројот на пациенти со мозочно крварење, во мај се евидентирани пет, во јуни исто така пет и јули еден, објасни прим д-р Елена Личкова,  началник на Одд. за Неврологија.

Бројот е преполовен и кај приманите пациенти со различна клиничка слика, но и пациентите во коматозна состојба.

  • Бројот на примени пациенти во мај изнесувал 107, во јуни 80, а јули 69. Бројот на евидентирани пациенти примени на нашето одделение во коматозна состојба, во мај биле 11, во јуни пет и јули четири, елаборира д-р Личкова.

Остануваат на сила лекарските препораки за заштита од летните темпреатурни осцилации. Навреме и редовно примање на пропишаната лекарска терапија кај хорничните болни. Без потреба не излегување во периодот од денот кога сонцето е најсилно грее и почесто консумирање на течности и престој во разладени простории со лесна летна облека на себе.

https://www.youtube.com/watch?v=XkOrcnohnLM&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here