Штипјанка прегазена од автомобил во кругот на болницата !

902

Педесет и шестгодишна жена била тешко повредена откако во кругот на Клиничката болница Штип била удрена од автомобил, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Во пријавата било наведено дека во кругот на Клиничка болница Штип патничко возило „фолксваген венто“, со штипски регистарски ознаки, управувано од 31-годишниот С.А. од Штип, удрило во неговата сограѓанка 56-годишната С.М. која се движела пешки.

Во несреќата, С.М. се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во истата болница. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Штип.