Штип го одбележа Денот на ослободувањето, 8 – ми ноември

0
89

Компанијата Кит Го и  универзитетскиот пропфесор Билјана Балабанова се двајца од годинашните четворица  лауреати на најголемото општинско признание по повод Денот на ослободувањето на Штип, наградата „8 – Ноември“:

„Гордо можам да кажам дека денеска Кит Го успешно работи во 22 општини во Македонија, со преку 70 малопродажни објекти и над илјада вработени. Гордо може да истакнам дека стоиме рамо до рамо со најголемите домашни и странски компании во Македонија. за илустрација, минатата година Кит Го беше рангирана на 50 –то место од стоте најуспешни компании во Македонија и регионот“, истакна Кире Гогов , добитник на Признанието.

„Посебно ми е чест да го примам признанието затоа што доага од неакадемска институција. Сето тоа говори колку нашата општина го препознава достигнувањето на науката како еден од главните промотори и афирматори на Штип“, истакна Билјана Балабанова – добитник на Признанието.

Признанието „8-ми Ноември“ го примија и новинарот Мишко Иванов, како и актерката Јелена Јованова. Во нејзино име,поради оправдано отсуство, од градоначалникот Благој Бочварски наградата ја прими нејзината мајка Љубица Јованова. Таа ја пренесе пораката на Јелена до своите сограѓани.

„Штип е еден голем сонувач и извор на таленти. Овој град ме постави на патот  на кој стојам, ме изгради во зрела и одговорна личност и  ќе бидам доследна на мојот роден град. Искорено ви благодарам за Признанието – ваша Јелена Јованова“, истакна Љубица Јованова – мајка на Јелена Јованова.

„Чест ми што го добив ова Осмоноемвриско признание, особено од мојот роден град. И уште повеќе е мојата чест бидејќи наградата се однесува на моите заложби за развој и подигнување на востановените новинарски стандарди“, изјави Мишко Иванов – добитник на Признанието.

За 74- годишниот раст на Штип, на денешната свечена седница говореше градоначалникот Благој Бочварски. Посебен акцент стави на развојот на општината за изминатата година, откако тој ја презеде функцијата градоначалник.

„Во Штип се градат улици, пешачки патеки, тротоари. За една година изградени се 2.240 метри, а реконструирани се 1.070 метри улици. 1.400 метри тампонирани улици и пристапни патеки. Илјада метри локални патишта, 4.000 метри инфраструктура за пешаци. Делумно го решаваме сообраќајниот хаос за паркинг на возила со ново паркинг со 40 паркинг места во централното градско подрачје, вредно десет милиони денари. За подобрување на животот на секој граѓанин за задоволување на неговите потреби изградивме и реконструиртавме 2.229 метри водоводна и 1.624 метри канализациона мрежа. ЈП „Исар“ го подобри водоснабдувањето со дополнителни 35 литри вода во секунда. Ја намаливме цената на водата за пиење за пет отсто,а по Нова година за уште толку“, образложи Благој Бочварски – градоначалник на о. Штип.

Несомнено 8-ми ноември е врежан длабоко во колективната меморија на граѓаните на Штип. На браникот на слободата за градот, над 850 штипјани ги положиле своите животи. Денеска, Штип е современ урбан, но и економско – политички влијателен центар на македонскиот Исток.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here