Штип го отвори првиот Дневен центар за лица со интелектулна попреченост над 18 години

370

Штип го отвори првиот Деневен центар за лица со интелектуална попреченост постари од 18 години. Центарот се наоѓа во склоп на основното училиште „Гоце Делчев“.
Во Дневниот центар ќе бидат опфатени лица над 18 години. Овде ќе поминуваат дневно по осум часа а ќе бидат вклучени во повеќе програмски активности
„Ова е навистина голема и важна работа.Некој ќе каже дневен центар е ситно поместување во социјалната заштита,ние ќе кажеме тоа е огромно поместување во животот на секое лице кое ќе доаѓа тука,зошто ?Затоа што од една страна ќе може со општеството,со заедницата и сето ова значи втора фаза во развој на социјалната заштита во нашата држава“ изјави Мила Цароска , министер за труд и социјална политик
Со помош на овој центар ќе се овозможи оспособување за самостојно живееење и социјална заштита.
„И овие сервисни служби се почетна работа за една таква работа за нивно осамостојување и самостоен живот, право на избор имаат и тие да одлучуваат како и каде ќе живеат.Овој дневен центар и другите сервисни служби кои подоцна ќе ги отвараме се надевам дека и другите општини ќе го следат примерот на Штип“ изјави Чедомир Трајковски, претседател на РЦ “Порака“
„И тоа за неполна година успеавме да го отвориме овој дневен центар за нашите членови,за родителите на нашите членови и за нас самите претставува многу“ изјави Лилјана Крстева , претседател на „Порака“– Штип
Што ќе значи првиот Дневен центар за родителите чии деца ќе доаѓаат овде
„Имаат можност повеќе да се зближат ,да им биде различно во однос на тоа до сега ,просторот е добар, одличен, и така да имаат можност за повеќе активности“ изјави Јорданчо Стоиманов-родител
Дневни центр за лица над 18 години, е отворен со логистичка поддршка на општина Штип, која обезбеди простор:
„Кој што е многу важен и ќе даде свој придонес за едно поразвиено и поеднакво општество за нашите граѓани.Сега разговаравме дека само во три средби, многу кратки средби успеваме да реализираме нешто што е многу значајно за нас и нашето општество“ изјави Благој Бочварски , градоначалник на о. Штип
Центарот има капацитет од 20 лица, а во моментот го посетуваат 15 корисници кои добиваат дневно згрижување, стручна работа и рехабилитација.
Ваквите центри овозможуваат подобри услови за развој на потенцијалот на лицата со попреченост и нивно рамноправно учество во заедницата и во општеството .