Штип добива нов фестивал – Театар во куфер

0
109

Шест престави, монодрама, поетски настапи и дебатна тркалезна маса  на тема театар. Ова на кратко е програмското сиже на првото издание на театарскиот фестивал тетар во куфер. Стартува од утре во Штип.

„Фестивалот старува утре со преставата Европејци  во изведба на театарскиот ансамбл од Тузла, БиХ, продлжува со престави од струмичкиот и театар од Скопје. Тука е младинскиот интимен театар од Битол, поезијата на Страшко Милошевски, тука  е монодрамата Чекачот, имаме и  планиран фестивалски научен симпозиум насловен како патувачки театар“, образложи Трајче Јованов – фестивалски портпарол.

„Се надевам дека овој меѓународен фестивал ќе биде и традиционален како што се и други фестивалски изведби во Штип и дека ќе побуди интерес кај јавноста за негова масовна посетеност“, дополни Горан Трајков – директор на Дом на Млади  – Штип.

Зошто токму „театар во куфер“. Објаснувањето е на уметничкиот фестивалски директор, драматургот Трајче Кацаров

„Фестивалот Театар во куфер го враќа на некој начин театарот во неговите прапочетни моменти кога театарската кола била на штрек и патувала од место во место презентирајќи ги театарските пиеси. Кога зборуваме за фестивалот татар во куфер, всушност, зборуваме за куфер во кој се преставите, а носителот на куферот е самиот актер пред публиката“, објасни Трајче Кацаров – уметнички директор на фестивалот.

Интенцијата на театарскиот фестивал е да добие традиционална нишка. Местото на изведба на фестивалската програма се сцените на Мултимедијалниот центар  и Домот на Млади во Штип. Фестивалот ќе трае до 20 овој месец.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here