Штип доби мултисензорна соба за децата со потешкотии во развојот

287

Штип доби мултисензорна соба за подобра интеграција на децата од предучилишна возраст со потешкотии во развојот. Лоцирана е во детската градинка Астибо. За почеток, еден дефектолог може дневно да работи со 20 дечиња. Која е основната цел на ваков вид на работа со децата со пречки во развојот…
„Им се овозможува на дечињата со потешкотии во равојот да се оспособат за чувството за говорот, допирот, вкусот да се развие на очекуваното нормално ниво. Оваа сензорна соба е од исклучителна помош во овие напори за работа со овие дечиња“,објасни Горан Милевски – министер за ЛС
Профункционирањето на сензорната соба е дел од проектот Здрави деца -сигурна иднина. Главен финансиер е швајцарската Влада.
„Социјалната инклузија е од исклучително значење за нас како швајцарска Влада. Затоа со посебен интерес ќе ја следам работата во сензорната соба, за да видам како децата со кои се работи во сензорната соба, може подобро да се вклучат во едукативниот систем“, изјави Сибил Сутер Техада – амбасадор на Швајцарија во РСМ
Локалните власти на Штип не го кријат задоволството од фактот дека проектите од значење за граѓаните се препознати од потенцијалните финансиери како што е Швајцарија…
„Ќе продолжиме и понатаму да работиме во насока на подобрување на капацитетите и инклузијата во предучилишното образование, во секој сегмент каде што е потребно“, изјави Благој Бочварски – градоначалник на о. Штип
За активирање на соба од ваков вид, патем речено, трета во источна Македонија, по Делчево и Кочани, вложени се 15 илјади евра, од кои 5000 се средства на општината.