Штип и Пробиштип нудат одвај 580 слободни студентски легла

0
88

Штип и Пробиштип нудат одвај 580 слободни студентски легла во студентските домови. Само толку т.н. студенти од страна, ќе можат да се сместат во вкупно петте студентски домови во двете општини.

Од нив, Пробиштип има слободни 130 места, додека Штип во еден државен и три приватни студентски домови има слободни вкупно 451 место.

Ова е одвај вкупно 10,5 % од сите слободни места во студентските домови во државата каде на располагање има 5.496 кревети во 11 студентски домови.

Од вкупниот број расположиви места во студентските домови, 20% се обезбедуваат за студенти, кои за прв пат ќе бидат запишани на прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи во Република Македонија.

Од друга страна, само во Штип годинава се очекувата над 2.500 студенти во прва година. Од нив, најмалку две третини се надвор од Штип и имаат потреба од сместување.

Пансата за нив ќе бидат приватните станови каде легло се плаќа во просек по 50 евра плус трошоци.

https://youtu.be/c3LeJhPkq_Q

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here