Штип одбележува 40 години од акцијата за изградба на патот кон Плачковица

0
411

На 15-ти септември се навршуваат 40 години од завршувањето на првата сојузна младинска работна акција Плачковица 1978. По тој повод, организирано е одбележување на овој значаен четиридецениски јубилеј :

„Ги покануваме сите акцијаши на Република Македонија и пошироко да земат учество на истата. Ќе се изврши превоз на бригадирите, ќе има културно забавна програма, ќе има постројување на бригадирите“, најави Никола Зенделов.

Интересот за присуство за одбележување на МРА Плчаковица е голем, особено кај бригадирите од Македонија :

„Очекуваме да дојдат од Охрид, Битола, Велес, скопје, Куманово, Неготивно, Демир acheter des répliques de montres Капија, Кочани“, вели Никола Кангалов.

Според Програмата, бригадирите треба да пристигнат пред Општина Штип во 10 часот и 30 минути.

Инаку, изградбата на патот кон Плачковица  започна во 1975 година, благодарение на ентузијазмот на неколкумина штипјани, но прерасна во една од најголемите сојузни работни акции на тогашна Југославија.

https://www.youtube.com/watch?v=vDyyOci29hA&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here