Home Штип Штип ќе ги отстранува лимените гаражи. Во населбата Сењак...

Штип ќе ги отстранува лимените гаражи. Во населбата Сењак веќе се поделени триесеттина известувања.

Околу 1000 лимени гаражи и објекти за слична намена во наредниот период ќе бидат остранети од целото подрачје на Штип. Ова досега беше намера која се распосла во речиси две децении долг период но реализација докрај немаше.
Оваа локална власт исто така има став дека дивопоставените објекти од овој тип треба да се дислоцираат а сериозноста во намерата веќе и ја документираа. За краток период, издадени се триесеттина известувања за дислокација.
„На улицата Анте Банина во населбата Сењак 4 отспротива новата детска градинка согласно деталниот урбанистички план е предвидено и изградено паркиралиште за моторни возила.На паркинг просторот има бесправно поставено 14 лимени гаражи поради што паркингот неможе да се користи за намената за која е изграден.Овластениот градежен инспектор на Општина Штип постапувајќи по пријава од граѓани донесе решение за отстанување на истите.Решенијата се во постапка на доставување на странките“ стои во соопштението од локалната самоуправа
Населбата Сењак како почетна локација е избрана, меѓу другото , и од причина што граганите од оваа населба се најупорни овој проблем да се реши.
Нашето барање до локалната самоуправа го упатуваме веќе две години да просторите кои се окупирани од лимените гаражи да се отстранат и да се напраават детски игралишта и тревна површина. Се надеваме дека ќе се реализират“ изјави Никола Кангалов-претседател на месна заедница Сењак
Населбата Сењак е само почеток во планот кој во Штип треба да ослободи клучни локации за изградба на зелени површини и паркинг места кои ке бидат во функција на повеке грагани. Со која динамика ке се реализира дислокацијата, останува да се види.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

ВИДЕО: Климатска криза во Шпанија !

Владата на Шпанија официјално прогласи „климатска криза“ и предложи мерки за борба против климатските промени. Мерките, меѓу другото, подразбираат големи задолжителни...

Ирански пратеник дава три милиони долари, за убиство на Трамп !

Ирански пратеник понуди награда од три милиони долари за „оној кој ќе го убие американскиот претседател Доналд Трамп“, јави иранската агенција „Исна“.

Наместо да добијат помирен живот, по откажувањето од кралските титули, Хари и Меган станаа поголема мета на папараците !

Плановите на принцот Хари за „мирен живот“ не одат баш како подмачкано додека им се приклучува на својата сопруга и...

Путин ја потврди новата руска Влада !

Рускиот претседател Владимир Путин ја одобри новата влада во земјата во која остануваат повеќе министри од претходниот мандат, но со...

Новиот смртоносен вирус, од Кина веќе се прeфрли во САД !

Вирусот, што предизвикува мистериозно респираторно заболување, а кое неодамна беше откриено во Кина, се прошири и надвор од азискиот континент.„Њујорк Тајмс“ пренесува...