Home Македонија Што го затвори најпознатиот македонски текстилен бренд Тетекс?

Што го затвори најпознатиот македонски текстилен бренд Тетекс?

По речиси седум децении постоење, најпознатиот македонски текстилен бренд Тетекс од Тетово, од денес повеќе не работи. Ова е исполнување на најголемиот кошмар на текстилните фабрики кај нас, кои со години предупредуваат на неповолната состојба во овој сектор.

Како главна причина , од Тетекс  за затварањето на фабриката, ја посочија евтината работна рака од далечниот Исток, која нашата работа во овој сектор ја направило нерентабилна.

Пропаста на Тетекс, го вклучи алармот и кај останатите текстилни компании. Според анализите на Текстилниот кластер, тетекс освен на евтините работници од Исток, е жртва и на неможност да се преструктуира, нешто со што се соочуваат голем број фабрики во Регионот:

„Тетекс е специфична приказна, во смисла на тоа што Тетекс беше голем комбинат уште од времето, со сосема друга технологија и тие како таков комбинат,не успеаја да се преконструктираат ,да ги следат потребите на пазарот,без да се даде поддршка, имаше разни обиди но меѓутоа обидите се во делот на отпишување на долговите ,доприноси на платите,ослободување од регендата , тоа беше во тој период на транзицијата кога беше приватен комбинат и премина во приватна сопственост“ изјави Маријана Перковска, прет. на Текстилен Кластер

Судбината на Тетекс им се заканува на многу компании од оваа индустрија. Излезот е единствено во модернизација и следење на потребите на пазарот, сметаат од текстилниот сектор:

„Основачите на тие компании ако не го гледаат повеќе развојот на текстилната индустрија и средствата ги пренасочуваат во други бизниси тоагаш сигурно дека нивниот крај многу побрзо ќе дојде нивниот крај“ изјави Ангел Димитров,  генерален дир. на Мода – Св. Николе

Тетекс, својата успешна приказна ја пишуваше од 1951 година, а врвот го достигна во 1986 година кога имал близу 9.000 вработени, над 50 продавници  ширум земјата и извоз во Европа и САД.

Во моментов, текстилната  индустрија е егзистенција за околу 46.000 луѓе. 

Над 15% од македонскиот извоз го сочинуваат текстилните производи, во најголем дел како лон односно како работа за странски партнери под нивни брендови и со нивни репроматеријали.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

За пет месеци од обичен грип, во САД починале 16.000 лица а заразени се над 29 милиона !

Најмалку 105 деца починаа од грип во оваа сезона, покажуваат податоците објавени од страна на американскиот Центар за контрола и ...

ВИДЕО: Илјадници маршираа во Лондон за слобода на Џулијан Асанж, основачот на „Викиликс“ !

Илјадници луѓе во Лондон, маршираа за ослободување на Џулијан Асанж. Тие протестираа за да извршат притисок врз британската влада да одбие...

ФОТО/ВИДЕО: Први снимки од новиот костим на Бетмен, додека се снимаше во Глазгов !

Бетмен се спушти во Глазгов со целосен оклоп во црно додека во саботата снимаа сцени со брза бркање на мотор.

„Пријатели“ се враќаат на телевизија – Секој од актерите побогат за 3 милиони евра !

НBO Max ги обезбедил правата за серијата за 425. милиони доалри. Глумците ќе учествуават и во продукцијата на епизодите, а секој од...