Ѓоковиќ го освои УС Опен и заработи 3.8 милиони долари !

Новак Ѓоковиќ славеше во финалето на УС Опен, Србинот со 3-0 во сетови го победи Хуан Мартин Дел Потро за третиот трофеј во Флашинг Медоус.

0
233

Извонредното лето за Ноле продолжува, откако го пропушти финишот на минатата сезона поради повреда на лактот, Србинот сега го освои Вимблдон, Синсинати и УС Опен.

Новак Ѓоковиќ со 3-0 (6-3,7-6,6-3) во сетови славеше во финалето над Хуан Мартин Дел Потро. Во меч кој траеше нешто над три часа, Аргентинецот немаше решение за расположениот противник, кој стигна до третиот трофеј во Флашинг Медоус.

Со победата над Делпо, Новак Ѓоковиќ си доби и чек од 3,8 милиони долари, а се изедначи и со Пит Сампрас на третото место на вечната листа на Грен слем шампиони со 14 големи титули.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here