Јелена Розга, Ален Исламовиќ и Тамара Тодевска на овогодинешново Каменичко културно лето

0
103

И годинава Каменица очекува илјадници гости на  Каменичко културно лето. – најголемата и најмасовна културно-забавна манифестација во Општината:

  • Покрај звучните балкански естрадни имиња: Ален Исламовиќ, музичката група С.А.Р.С. и Јелена Розга како најголема звезда од главната вечер на манифестацијата, свое учество ќе земат и домашните изведувачи Тамара Тодевска, Слаткар, Елена Велевска и неколку фолколорни ансамбли, изјави Соња Стаменкова, градоначалник на М.Каменица.

Културната манифестација Каменичко културно лето, традиционално секоја година се оддржува во периодот од 26-ти до 28-ми Август:

  • Оваа манифестација во себе ги сплотува трите значајни празници на нашиот град: 28-ми Август – Ден на општина Македонска Каменица, воедно и Ден на рударите и големиот христијански празник и заштитник на рударите Успение на Пресвета Богородица, истакна Стаменкова.

Општината очекува голем број на посетители како од Регионот, така и од цела држава , но и од соседна Бугарија.

Досегашните искуства покажале дека за време на Каменичко културно лето, Македонска Каменица е домаќин на голем број гости, а угостителите се повеќе од задоволни.

Каменичко културно лето е манифестација која нуди забава, но и директно влијае врз промоција на Македонска Каменица како добар домаќин и центар на културните збиднувања во регионот и пошироко. Во исто време, таа е добар начин за промоција и на каменичките гастрономски специјалитети, особено на камничката скара, која е една од најпознатите во регионот.

https://www.youtube.com/watch?v=0z8rrF_5ZDo&feature=youtu.be

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here