Љубчо Георгиевски, во медијаторска мисија помеѓу Бугарија и Македонија – Од Софија Каракачанов со нови изјави кои не помагаат на ситуацијата !

100

Поранешниот македонски премиер и основач на ВМРО-ДПМНЕ, Љубчо Георгиевски во наредните денови ќе патува во Бугарија за да помогне во решавањето на тековните спорови меѓу двете земји. Посетата ќе се одржи откако тој неодамна имал разговор со премиерот Зоран Заев, пишува бугарската агенција БГНЕС.

Тие пренесуваат и детали од интервјуто на Георгиевски, кое педизвика силни реакции во јавноста. Поранешниот премиер најави дека ќе има јавни настапи со цел да разбие некои тези што во моментов се шират во Бугарија и таа правилно да го процени однесувањето на врвните македонски лидери.

Во тој меморандум има доста непријатни и недипломатски работи и беше вишок во нашите односи. Ние имаме изворни информации и подолго време се обидувам преку мои познанаци, а и планирам да отидам таму. Ќе се обидам да разбијам неколку тези таму, изјави поранешниот премиер во тоа интервју.

Според Георгиевски, Софија не ги цени доволно напорите што ги прави Македонија.

Во Скопје сè уште сметаат на некој да изврши притисок врз Софија и да се предадеме, рече министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов, коментирајќи ги историските спорови меѓу Софија и Скопје.

Тој посочи дека се сомнева дека Македонија е подготвена за дијалог.Според Каракачанов, неодамна еден од македонските членовите на заедничката историска комисија беше заменет со друг експерт, кој е познат по поостриот став кон Бугарија.

Бугарскиот министер исто така изјави дека споменикот на бугарскиот офицер Борис Сарафов, кој, според него, беше организатор на Илинденското востание за време на османлиското владеење, беше демонтиран во Македонија.