Ќерката на унгарскиот премиер Орбан фотографирана како фрла пелена покрај патот во Хрватска !

0
207

Повеќе хрватски и унгарски медиуми ја објавија приказната на една унгарска туристка во Хрватска, која се шокирала од однесувањето на ќерката на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан.

Имено, туристката ја препознала Рахел Орбан, како излегува од своето возило и покрај автопатот ја фрла кесата со пелената од нејзиното дете.Извесна Естер, на социјалните мрежи напишала:

,,Не можев да верувам кога го здогледав ,,кралскиот“ пар. Рахел е веќе во поодмината бременост. Таа ја смени пелената на нејзиното дете и ја фрли покрај автопатот, иако корпата за отпадоци беше само 20 метри одалечена од неа“.

Унгарката и довикнала на Рахел Орбан..,,зарем татко ти не те научил ништо?“, но таа се направила дека не ја слуша.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here