Џес Бејли си оди од Македонија – На негово место како амбасадор на САД, од Атина доаѓа Кејт Мери Брнс

Македонија ќе добие нов американски амбасадор. На местото на актуелниот амбасадор Џес Бејли од Атина доаѓа Кејт Мери Брнс, каде од лани е заменик амбасадорка.

0
63

Мери Брнс за наследничка за Бејли е предложена директно од американскиот претседател Трамп, а ако нејзината номинација добие зелено светло во американскиот Сенат, во фотелјата на Бејли ќе се смести кон крајот на годинава.

Минатата година дел од медиумите, меѓу кои и влијателниот Ал Џезеира пишуваа дека Хојт Брајан Ји, американскиот заменик-помошник државен секретар за Европа и Евроазија, од наредната година ќе биде нов амбасадор на САД во Македонија, што со оваа најнова информација од стејт департментот се побива.

Во дел од биографијата на извесната американска амбасадорка стои дека била заменик-шеф на мисијата на САД во ОБСЕ. Меѓудругото ги претставувала американските интереси во Шпанија, Боливија, Унгарија и Турција а силна страна и се повеќе јазици меѓу кои Унгарски, Шпански и Турски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here