11-ти октомври сите го знаат само поради неработниот ден. Почит покажаа само борците

0
76

Со полагање на букети цвеќиња на споменикот на револуцијата на Исарот и минута молк во чест за паднатите жртви од фашизмот, Штип го одбележа 11 Октомври – Денот на востанието на Република Македонија.

„Овој светол датум од македонската историја преставува основна точка од каде тргнува финалната реализација за стекнување на независноста на Република Македонија. Тоа датум што ја отворта новата, но и долгоочекувана страница од историјата на Македонија“, изјави Петар Мицевски, секретар СБ  на Штип.

Денот на македонското востание се одбележа и со свечена академија во просториите на штипската општина. Пригодна реч за значаењето на датумот од македонската историја оддржа Билјана Казанџиска, преставник на локалната самоуправа.

„11 Октомври преставува сублимат на вековната борба и стремеж на македонскиот народ да биде свој на своето, датум што е почетен и финален шекор во стекнување на државотворноста и независноста на Рерпублика Македонија“, подвлече во своето обраќање Билјана Казанџиска, рак. на сектор на ЛЕР, образование и јавни дејности.

Честитка по повод денешниот празник упати штипскиот градоначалник Благој Бочварски.

„Ова е денот кој треба да нè потсетува на храброста и одважноста на нашите предци и на она што го наследивме од нив, а тоа е одлучноста да се спротивставиме на злите и деструктивни сили и заедно да работиме за од Македонија да направиме подобро место за живеење.

Овој голем државен празник е симбол на непокорот и правдољубивоста, но и темел на вековната определба на граѓаните во Македонија за слобода, мир, за свој идентитет, интегрирана држава и мирен и достоинствен живот. Историјата нè потсетува на државничките чекори на нашите предци, на нивните одлуки кои тогаш се чинеле тешки, но времето покажало дека се и правилни.

Сегашноста ни дава можност да продолжиме да работиме во истиот дух на непоколебливост, одлучност и правичност, а за подобра иднина на нашата држава. Денес и сега е моментот кога пишуваме историја, сите заедно и во духот на вистинскиот патриотизам да ја внесеме Македонија во европското семејство. Тоа е стремежот на граѓаните, на сите нас“, стои во честитката од градоначалникот Бочварски.

Годинава се одбележуваат 77 години од започнувањето на борбата на макмедонскиот народ во борба против фашизмот. Првите истрели токму на овој ден одекнаа во Прилеп и Куманово.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here