110 километри залуден пат на неготинчака. Дошла на лекар во Штип, а персоналот во штипската Клиничка болница на боледување

0
661

110 километри залуден пат за неготинчаката Лена Пенкова, која боледува од остеопороза. Дошла на лекарски преглед во Штип, а персоналот во штипската Клиничка болница на боледување.  Револтирана, својата приказна ја раскажа пред камерата на ТВ Стар.

  • Два месеци чекав за овој преглед. Денеска доаѓам во Штип и наидов на затворена врата. Ми рекоа дека медицинската сестра била на боледување. Што да правам. Болна сум, доаѓам од Неготино. Предтходно половина година се лекував во Скопје, но од таму ме пренасочија во Штип, оти апаратот за дијагностика за остеопороза бил во дефект. Ова за мене е дупол трошок. Барем да ме известеа, а вака, не е добро, разочарана сум, се пожали Лена Пенкова, пациент од Неготино

Контактиртавме со надлежните од штипската Клиничка болница. Во нивната денешна писмена реакција стои

„…Поради отворено боледување на надлежната медицинска сестра задолжена за ваков вид на преглед, сите досегашни утврдени специјалистички термини за преглед на пациентите болни од остеопороза со валиден специјалистички упат се одложени. За ова, на наведените телефонски броеви во упатите на пациентите биле информирани сите. Проблемот е во неможноста на некои од нив или да ја прочитаат пораката или, намерно или не, навеле погрешен телефонски број“, стои во денешната реакција од Клиничката болница во Штип.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here