Home Штип 163 милиони евра должат граѓани и фирми на УЈП

163 милиони евра должат граѓани и фирми на УЈП

163 милиони евра на Управата за јавни приходи и должат граѓани и фирми.Според посоледните податоци, долгот зад себе го оставиле речиси 2000 фирми и над 2500 лица кои се најдоа на Црната листа.
Реално, овој долг е голем и тоа значи дека УЈП може да стисне здраво во наплата на државното зашто пари требат секогаш а поготово пред избори, нивната важност е непроценлива.
Но, од кого УЈП може да бара пари и притоа да ги добие. Прв на листата на побарување е веќе фамозната фирма Те-То зад која по сите основи има милионски долгови но и многу политика. Оттука, долгот кон државата стои во место долго време а шансите да се наплати се многу мали.
Веднаш за Те-То е Мексиканецот со македонско потекло Ангел Кастиљо кој и себе и државаат ја заглави во бизнисот со производство на автобуси. И овде, како и во првиот случај, во праање се пари кои УЈП, речиси е сигурно, нема да ги добие.
Освен овие , спискот на УЈП долг го прават и други приватни фирми но круната ја носат не тие, туку фирми чиј основач е државата. Тука пред се се ЈП за одржување и заштита на магистрални и локлани патишта кое должи цели 4 милиони евра. Голем должник е Македонска радиодифузија, општината Карпош, ЈСП Скопје, Водостопанство на Македонија, Агенцијата за цивилно воздухопловтсво и др.
Но, од овие сметки пари тешко ке тргнат кон УЈП исто како и од славниот тутунски бос Бајруш Сејдиу кој инаку е шура на косовскиот претседател Хашим Тачи и во моментов станар во Штипскиот затвор. Издржува долга казна но пари за државата нема.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Must Read

ХДЗ победник на парламентарните избори во Хрватска !

Убедлива победа на ХДЗ во однос на СДП, покажуваат излезните анкети по затворање на избирачките места во Хрватска чии граѓани денеска гласаа ...

Скопје: Украдени над еден милион евра во различни валути од куќа !

На 04.07.2020 во 22,10 часот во СВР Скопје, Ш.И.(58) од Скопје пријавил дека во период од 19,30 до 21,45 часот во...

Србите нема каде да одат на одмор…Грција од утре ги затвора границите за нив !

Грција од утре во 6 часот наутро ги затвора границите за државјаните на Србија, потврди за Н1, српскиот министер Расим Љаиќ. Одлуката...

Белград и Приштина сепак разговарале за размена на територии !

Поранешниот американски советник за национална безбедност Џон Болтон тврди дека уште во 2018 година една од работите за кои зборувале Белград и...

Уролог од Тетово починал од компликации од Ковид – 19 во скопска болница !

Од компликации од коронавирус во Градската општа болница „8 Септември“ почина 64-годишниот доктор Арификмет Деари, уролог од Тетово. Министерот за...