18 000 евра на Беквалац за час и половина пеење.

526

Градоначалникот на Лесковац Горан Цветановиќ наречен Фараон од денес е на жесток удар на јавноста. За само час и половина пеење за Нова Година тој на Жељко Васиќ му наброил околу 18 000 евра. Веќе вчера, за дочек на Стара нова година речиси истата сума тој ја исплатил и на Наташа Беквалац која исто така пеела само час и половина.Исплатата на Беквалац градоначалникот Цветановик ја ставил во ставката Мала вредност, што посебно ги разгневило сограѓаните. Инаку Лесковац е град со речиси 15 000 невработени.