3.3 C
New York
Thursday, December 9, 2021

Buy now

spot_img

Почна гласањето за локалните избори. Првите гласови дојдоа од болните и изолираните

Со првото гласачко ливче, пуштено во кутијата на ИО 2298, од страна на 82-годишната Голубинка Мастева, започна гласањето во Штип за избор на нова локална власт:

Нека е со среќа. Очекуваме да биде добро за сите а најмногу за младите. Досега не сум имала проблем со ниту еден градоначалник“ изјави 82 годишната Голубинка Мастева

Вкупно, денес во Штип, за гласање беа пријавени 139 болни и изнемоштени лица. Кај сите нив, членовите на избирачките одбори се појавија дома

По список има 806 од кои 6 се болни и немоќни наша должност е да ги посетиме и да им овозможиме да го остварат правото на глас изјави Вера Читкушева, прет. на ИО 2298 – Штип

На ниво на регион, денес можност да гласаат имаа 1.308 лица:

Денеска гласаат 139 болни и изнемоштени и 21 лице заболено од корона иливо изолација. Гласањето започна навреме и  без проблем

Заедно со болните и изнемоштени , денес гласаа и лицата кои с ево изолација поради Ковид 19. На ниво на регион, за гласање се пријавија вкупно 62 лица

Еден ден порано гласаа и 204 лица кои се на издржување казна затвор во КПД – Штип

За сите останати, околу 166.000 гласачи од општините од Источниот регион, ден за гласање е 17 октомври од 07.00 до 19.00 часот.  На овие избори, граѓаните ќе бираат помеѓу 33-ца градоначалници и 58 советнички листи на 368 избирачки места .

На изборите првпат ќе се применуваат уреди за биометриска идентификација на гласачите со отпечатоци од прсти. Гласовите на лицата кои гласаа денес ќе се бројат во недела, заедно со сите останати.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,052FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles