Бугарија и Романија се земјите во ЕУ со најголем дел од населението изложено на сиромаштија и материјална лишеност, покажуваат најновите податоци на Евростат, според кои двете земји се меѓу четирите во Европската унија со повеќе од една четвртина од населението во ризик од сиромаштија. На прво место е Романија (35,8%), потоа Бугарија (33,6%), Грција (27,5%) и Шпанија (27,0%).