Изборните резултати од вчера беа повод за прес конференција на кандидатот на СДСМ и се уште актуелен градоначалник на Штип, Сашко Николов:
Сакам да се заблагодарам на сите сограѓани на Штип за сите овие 9 месеци кои ми го овозможија тоа. Работевме 9 месеци максимално за да ги решиме проблемите на нашите сограѓани. На 17 октомври на едни фер и демократски избори победи ВМРО ДПМНЕ граѓаните го дадоа својот глас бидејќи сметаат дека тоа е најдоброто за нив“ изјави Сашко Николов, кандидат градоначалник на СДСМ за Штип)