Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека Албанија се уште не е подготвена да стане членка на Европската Унија, но дека ги исполнила сите услови за започнување на претпристапните преговори за членство. Тој истакна дека Албанија започна да напредува во клучните реформи, како што се судството, пазарната економија и слично. „Ова е предизвикувачки процес, но тоа е единствениот начин“, рече Рама.