3.8 C
New York
Saturday, November 27, 2021

Buy now

spot_img

Атмосферска вода му ги урива куќата и здравјето на штипјанец

Три години атмосферски и подземни води му ја уриваат куќата и здравјето на штипјанецот Ремзи Дебиров. Секојдневно без одглед на временските услови и лете и зиме, водата во неговата куќа, доаѓа се повеќе, а тој нема решение:

Три години се мачам, ламперијата е уништена, целиот спрат е лом веќе, сега живееме во една шупа изјава Ремзи Дебиров

Животот во влага и ризик куќата да се сруши, за Ремзи воопшто не е лесен , бидејќи тој има сериозни здравствени проблеми, а има и дете со посебни потреби:

„Здравјето ми отиде болен сум јас, имам и дете болно неможам да си помогнам самиот на себе не знам што да паравм“ изјави Ремзи Девиров

Досега Ремзи бил на сите врати во Општината и сите му ветувале сешто, но влагата , водата и болеста во неговата куќа и понатаму живеат:

Сакам да дојдат надлежните  да го решат овај проблеми а исто барам помош од граѓаните“ изјави Ремзи Девиров

Од  ЈП Стипион,  во врска со проблемот на Девиров велат:

Треба да се провери составот на водата и да се утврди нејзиното потекло, за што е потребно ангажирање на геоинженер. Во зависност од резултатите ќе биде јасно и во кој правец ќе оди решавањето на проблемот. Во меѓувреме, засегнатото лице , го повикувеме во ЈП Стипион, за оформување на предмет и понатамошно постапување, изјави директорот на  ЈП Стипион, Трајче Коштанов.

Што ова ќе значи за Ремзи Ремзи Девиров  е прашање, бидејќи очигледно пред него претстои сложена процедура, но тој се надева дека овој пат, проблемот конечно ќе се реши и  дека нестварна приказна и празни ветувања, нема повторно да слушне.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,030FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles