Јавното претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта, порано познато како „Македонија пат“, годината 2020 ја завршило со 843 вработени, што е за 130 работници повеќе во однос на претходната година. Трошоците за зголемување за платите пораснале за 17,9 отсто и станува збор за сума од нешто повеќе од 500.000 евра.