Не попусто оние кои киселат зелка, овој зеленчук го нарекуваат и кралица на зимницата. Долгогодишното искуство во киселење на зелката, велат нашите соговорници, им го дава тоа право на квалификација. Денеска на штипскиот пазар, нашата екипа во разговор со купувачите но и трговците гио побара најдобриот рецепт за кисела зелка…
Најстар начин, или по штипски е да се извади кочанот на зелката и да се исече на четири страни. Потоа на сите четири страни се става сол и се наложува во буре. Така зелката стои 24 часа за да се стопи солта и на крај се додава вода. Изјави пазарџија
За консумирање на зелката има и грст начини за нејзина подготовка како манџа…
Со кисела зелка правиме сарма, пиеме расолница, и подварок и со гравче изјавија анкетираните граѓани
Чекајки го Митровден денеска посетителите но и пазарџиите задоволни ги тријат рацете. Цените за прв пат по подолго време подносливи за сите.
Има доста раздвиженост денес на градскиот пазар и сме задоволни од потрошувачите изјавија анкетираните граѓани
Еве кои производи до 13 часот беа најбарани и по кои цени…
Зелка 25-30ден/кг,Праз – за врзоп,Моркови ден/кг,Краставици 60ден/кг,Јаболка 40ден/кг,мандарина60ден/кг,Портокал80ден/кг,Карфиол 70 ден/кг,Тиква ден за парче…