17.2 C
New York
Monday, May 29, 2023

Buy now

spot_img

Во три општини во регионот, советите можат цврсто да им ги врзат рацете на градоначалниците

Во три  општини во регионот, градоначалниците ќе мора да се изборат за слобода и да покажат силно политичко умеење во раководењето. Имено, во Кочани, Пробиштип, М.Каменица,  одлучувачките раце ги имаат независни или советници од други политички опции.

Ова за новите градоначалници може да биде голем проблем со оглед на големите ингеренции кои  Советот како највисоко општинско тело, законски ги има.

Имено, советите  одлучуваат за начинот на работа на општините, го донесува општинскиот буџет, усвојува програма и финансиски план за општинските служби и јавни претпријатија, дава дозвола за вршење дејност од јавен интерес,  избира командири на полициски станици и слично.

Ова значи пред новите градоначалници претстои период на кохабитација која доколку не се оствари, жртви ќе бидат општините и граѓаните.

Вакви примери, досега имало повеќе, а еден од покарактеристичните е за Берово, кога градоначалникот беше од една, а мнозинството беше од друга политичка партија.

Во спротивно, има бројни примери каде поради исклучително високо ниво на политички конфликт, општините со години остануваа на исто ниво и не само што не напредуваа, туку и назадуваа.

Сега , споменатите општини од регионот го имаат истиа  ситуација во која ќе мора да изберат помеѓу партиските контрадикции и интересот на граѓаните и општините.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,788FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles