Премиерот на Словенија, Јанез Јанша и министерот за одбрана Матеј Тонин на домашна адреса добиле писма со закани по живот, објави телевизијата Н1. Во писмата имало и куршуми од поголем калибар. Јанша во писмото добил и слика од него со нацртана цел. Непознатиот испраќач во писмото се заканил и на семејството на словенечкиот премиер и додал дека Јанша „прв ќе падне“, а истата судбина ќе ги снајде приврзаниците на неговата влада.