-0.8 C
New York
Tuesday, November 30, 2021

Buy now

spot_img

Соња Стаменкова бара ТВ дуел и јавна политичка борба со Димчо Атанасовски

Јавна политичка борба и дебата на ТВ Стар бара кандидатот за градоначалник од СДСМ Соња Стаменкова со нејзиниот ривал Димчо Атанасовски од ВМРО ДПМНЕ. Предизвикот на Стаменкова доаѓа на 6 дена пред решавачкиот втор изборен круг кога гласачите од М.Камница ќе се одлулат за едн од нив двајцата:

Би сакала кандидатот на ВМРО ДПМНЕ јавно да го повикам на ТВ дебата. Да ги кажеме нашите ставови и концепти за иднината на Македонска Каменица. Кој влегува со чисти сметки а кој со криминал, кој има чисти сметки а кој зад себе има злоупотреби. Граѓаните се тие кој треба да знаат се за најдоброто за Македонска Каменица“ изјави Соња Стаменкова, кандидат градоначалник на СДСМ за М.Каменица

Повиканиот на ТВ Дуел, Димчо Атанасовски денес не беше достапен за изјава, но во кратка СМС порака, тој ја одби поканата на неговата противкандидатка Стаменкова:

Нема да можам. Се извинувам, е содржината на пораката која ја испрати Атанасовски на нашето прашање дали го прифаќа дуелот.

Инаку, Стаменкова од СДСМ и Атанасовски од ВМРО ДПМНЕ во вториот круг од изборите влегуваат со разлика од само 70-тина  гласови.

Во првиот изборен круг одржан на 17 октомври, Соња Стаменкова освои 1.270, а Димчо Атансовски од ВМРО ДПМНЕ 1.198 гласови.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,036FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles