15.5 C
New York
Saturday, September 30, 2023

Buy now

spot_img

Со литургија и молитва за божји благослов Иван Јорданов го започнува мандатот градоначалник на Штип

Со литургија и молитва за божји благослов Иван Јорданов го започнува мандатот градоначалник на Штип

Со литургија и молитва во црквата Успение на Пресвета Богородица во Ново Село денес новиот штипски градоначалник Иван Јорданов и новоизбраните советници од ВМРО ДПМНЕ, се подготвуваа  за преземанње на функцијата градоначалник и членови на Советот.

Веднаш по литургијата тие  симболично пеш се упатија до општинската зграда каде што од Општинската изборна комисија, на Јорданов,  му беше врачено уверението за избран и потврден градоначалник.

Откако уверението беше во рацете на новиот градоначалник тој се упати кон своето ново работно место

Преземањето на функцијата градоначалник за Јорданов значи решавање на огромен број проблеми за кои тој зборуваше во целиот предизборен период па одтука и прашањето кои се првите работни приоритети:

„Она кое што го ветивме е дека ќе се зафатиме со реорганизаиција на институциите но исто така и со започнатите проекти кои со месеци чекаа да бидат реализирани на улиците Панче Караѓозов, улицата Личка и на конзолите. Одбизлу ќе видиме каде е проблемот“  изјави Иван Јорданов-градоначалник на општина Штип

Иван Јорданов е седми  градоначалник избран на непосредени избори во историјата на Штип. Прв е д-р Томо Миташев кој победи на изборите 1996 година а потоа градоначалници на Штип беа Димитар Ефремов, Панде Сарев, Зоран Алексов, Илчо Захариев, Благој Бочварски, Јане Миланов како ВД и Сашко Николов.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,875FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles