Сакаме европска перспектива за Западен Балкан и на сите актери јасно им кажуваме дека треба да ги зголемат нивните напори. Европејците треба да им понудат јасна пристапна перспектива на земјите од Западен Балкан, порача министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас од Лондон, во обраќањето на настанот „Зајакнување на безбедноста и стабилноста во Европа и Медитеранот” организиран од Кралскиот институт за одбрана и безбедност.