Синоќа во Белград официјално е отворено СП во бокс, на кое, на покана на организаторот, во организацијата на настанот ќе помага и штипјанецот Илија Младеновски. Обврска на Младенов биле делот на техничката организација и припремата на ринговите. Инаку, светското првенство во бокс ќе трае до 7 новмври, а на истото учествуваат 650 боксери од 105 земји. АИБА во соработка со домакините годинава ќе ги наградат боксерите побеници со: медал од чисто злато и 100 000 евра за освоено прво место ; медал од чисто сребро и 50 000 евра за второ и 2 медали од чиста бронза и по 25 000 евра за трето место.