На ѕидот од ОУ „Св. Кирил Методиј“ се изработени нови мурали од авторите Филип Конески, Марјан Димиќ и Драган Китановски, сите од Скопје. Муралите се спој на неколку стилови во кои доминира линијата на илустрации, во кои се вклопени и мотиви поврзани со Кочани. Изработката на муралите е дел од содржините од Програмата за култура на Општина Кочани за 2021 година.