-0.8 C
New York
Tuesday, November 30, 2021

Buy now

spot_img

Рестрикции и повисока цена на струјата до Нова Година ќе нема, уверува министерот Бектеши

Рестрикции и повисока цена на струјата до Нова Година ќе нема, уверува министерот  за економија Крешник Бектеши по деншниот сосотанок на Комисијата за електроенергетска кризна состојба.

Став на Комисијата бил дека во моментов  нема потреба да се прогласи кризна состојба во делот на енергетиката:

„Следната година треба 65 отсто од потребите на домаќинствата да ги снабдува ЕСМ преку ЕВН ХОУМ, но ние и оваа година и наредната година планираме да не бидат 65 отсто, туку да бидат 100 отсто, што значи дека на некаков начин ќе има субвенционирана цена и за малите потрошувачи и за домаќинствата“, вели Бектеши.

До Нова Година , ценовни шокови и потреси ќе нема, но што ќе се случува со цената веќе од јанури, никој не можа д апретпостави:

Разговаравме за моменталната состојба, проекциите и анализите за наредните недели и месеци и заеднички заклучок беше дека до крајот на годината нема да има поскапување на струјата за домаќинствата и малите компании“ изјави Крешник Бектеши, мин. за економија

За ублажување на проблемите со недостог на струја, веќе е ставен во употреба вториот блок на РЕК „Битола“, а испратено е и писмо до стопанските комори за набавка на мазут во случај да треба да се вклучи ТЕЦ „Неготино“.

Во тек е и тендерот за набавка на јаглен за потребите на третиот блок на РЕК „Битола“, кој, доколку е се во ред би почнал со работа за три до четири недели.  Доколку тендерот не биде успешен, Бектеши најави уште еден состанок на Комисијата и додаде дека и  ЕСМ има право да купи струја од странство.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,036FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles