-0.8 C
New York
Tuesday, November 30, 2021

Buy now

spot_img

Улиците Панче Караѓозов и Личка се во комунално-драматична состојба и на нив ќе се работи веднаш потврди штипскиот градоначалник

Улиците Панче Караѓозов и Личка се во комунално-драматична состојба и на нив ќе се работи веднаш потврди штипскиот градоначалник Иван Јорданов:

Извршив увид на овие улици каде што подолго време не се работеше, од денеска можам да кажам дека работите овде ќе продолжат“ изјави Иван Јорданов-градоначалник на Штип

За штипскиот градоначалник приоритет бара и крајот од булеварот Партизнаска кој не води никаде односно е тесен и ризичен сообраќаен вод до населбите Баби, Сењак и Стар Караорман

Јорданов: Нема службени возила за приватни цели

Освен крај на проблемите со овие две улици Јорданов најави и крај на возењето на службени возила во приватна насока. Според него досегашната пракса нема да продолжи и клучевите од овие возила наместо во џебовите на административците ќе стоајат на службеното биро.

Како што најавивме во време на финансиска криза, ги кратиме и ги намалуваме непродуктивните трошоци. Од денес, па во наредниот период јас како градоначалник, но и идните функционери под локална самоуправа, идните директори на јавните претпријатија нема да користат службени возила. И на овој начин возилата ќе ги ставиме во функција на службите на Општина Штип за да бидат сервис кон граѓаните“ изјави Иван Јорданов- градоначалник на општина Штип

Општина Штип располага со 11 возила на кои досега не секогаш им се знаеше насоката на возење. Беше пркаса службени возила на општната да се сретнуваат секаде во и надвор од градот без притоа да има службени оправдувања.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,036FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles