3.6 C
New York
Sunday, December 5, 2021

Buy now

spot_img

Градоначалникот на Штип Иван Јорданов ги назначи Трајче Здравков на Исар и Игор Ефтимов на Стипион за нови директори на јавните претпријатија.

Штипските јавни претпријатија од денес се со нови директори. Трајче Здравков на Исар и Игор Ефтимов на Стипион ја преземаат оваа функција, а  нивното назначување да бидат на чело на претпријатијата е одлука на градоначалникот на Штип Иван Јорданов:

Се надевам дека овие решенија ќе ја оправдат довербата на граѓаните. Од денеска па натаму истите ќе имаат обврска заеднички да ги извршуваме основните дејности на јавните претпријатија“ изјави Иван Јорданов-градоначалник на о.Штип

Новиот директор на Исар, Трајче Здравков и досега беше дел од Исар, но како правник, а од денес целокупното менаџирање со претпријатието е негова одговорност:

ветувам дека ќе работам често, одговорно и транспрентно,, во наредните денови ќе направиме и увид во состојбата ја јавното претпријатие“ Трајче Здравков-директор на ЈП Исар 

Чесно, транспоаретно и одговорно работење најави и новиот директор на Стипион, Игор Ефтимов:

„Ветувам дека ќе работиме во служба на граѓаните за сите нивни потреби“ изјави Игор Ефтимов-директор на ЈП Стипион

Градоначалникот Иван Јорданов најави дека доколку работењето не е одговорно локалните функционери ќе бидат разрешувани:

Сите идни локални функционери ќе бидат со времено извршување на функцијата и доколку се утврди неодговорност истите ќе бидат разрешени“ изјави Иван Јорданов-градоначалинк на о. Штип

Јорданов најави во иднина и реорганизација и на други институции  односно поставување на тим кој ќе биде одговорен и ефикасен.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,044FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles