Дејан Владев од денес и официјално е нов градоначалник на Свети Николе и работно се всели во кабинетот. Вовед во првиот работниот ден на Владев беше формалното примопредавање на функцијата од страна на досегашниот градоначлник Сашо Велковски.
Според досегашниот градоначалник Сашо Велковски Владев во службено наследство добива:
„Оставам добра финасиска ситуација со 25 милиони на сметка и 16 на блок дотациите а од друга страна готови 39 инфраструктурни проекти“ изјави Сашо Велковски претходен градоначалник на о. Свети Николе
Пред Владев сега се четири години мандат во кој тој планира активности содржани во неговата изборна програма
„Сите проектио кои ги населдуваме ќе бидат реализирани и секако програмата која ја ветивме во изборната кампања„ изјави Дејан Владев градоначалник на о. Свети Николе
Карбинци: Паунов ја презеде функцијата од Насев
Денес прв работен ден имаше и новиот градоначалник на Карбинци Виктор Паунов откако идентично во Свети Николе колегијално кафе испи со досегашниот градоначалник и иден соработник Јордан Насев
„По четири години работа оставаме ликвидна сметка и моментално имаме 20 милиони денари на општинска сметка и 10 милиони на институциите а оставаме и 10 проекти“ изјави Јордан Насев, претходен градоначалник на о. Карбинци
Огромна одговорност и обврска да ја градеме нашата Општина онака како што заслужува нашиот народ.
Од денес вратите на општинската зграда се отворени за секој наш жител, ќе работиме и ќе покажеме резултати“ изјави Виктор Паунов, градоначалник на о. Карбинци
Борчо Коцев нов градоначалник на Зрновци
Смена на градоначалници денес беше извршена и во Зрновци, а по три мандати на чело на Општината Блаже Станков функцијата му ја предаде на Борчо Коцев. При преземањето на фукцијата Коцев вети посветена работа за реализација на сите околу 100 проекти, ветени во изборната програма.