Продолжуваат градежните активности во домот за стари лица др. Иван Влашки во Берово. Со бетонска и метална ограда, се оградуваат објектите на установата, при што Домот за стари лица доби нов изглед.Поставувањето на новата ограда , е сопствена инвестиција на Домот за стари лица ,,др. Иван Влашки”, за што од Буџетот на установата се потрошени околу еден милион денари.