2 C
New York
Sunday, November 28, 2021

Buy now

spot_img

Вечерва на полноќ завршува изборната кампања. Од утре, се гласа за градоначалник во пет општини од регионот. Први ливчињата ќе ги заокружат болните, изолираните и затворениците

Вечерва на полноќ завршува изборната кампања. Од утре, се гласа за градоначалник во Кочани, Пробиштип, Пехчево,  Чешиново Облешево и Македонска Каменица . Први ливчињата ќе ги заокружат болните и лицата кои се во изолација поради Кови 19.

Вкупно, во сите пет општини ќе гласаат 704  лице од кои 661 се болни и немоќни,  додека 43-ца се во изолација.

Иако изборот на нова локалана власт во Штип, заврши, гласање утре сепак ќе има и овде, но само за лицата кои се од други општини, а се на извршување казна затвор овде.

Во сите пет општини во регионот, вкупно со право на глас се  61.714 граѓани. За иден градоначалник, тие треба да се одлучат за следниве кандидати:

За Пробиштип: Драган Анастасвов од СДСМ и Маријан Миленковски од ВМРО ДПМНЕ.

За Кочани: Николчо Илијев од СДСМ и Љупчо Папазов од ВМРО ДПМНЕ.

За М.Каменица: Соња Стаменкова од СДСМ и Димчо Атанасовски од ВМРО ДПМНЕ:

За Пехчево: Славчо Пандурски од СДСМ и Александар Китански од ВМРО ДПМНЕ

За чешиново Облешево меѓу Далибор Ангелов од ВМРО ДПМНЕ и Горанчо Крстев од СДСМ.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,032FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles