Матичните лекари почнале да ги наплаќаат потврдите за оправдување на изостаноци, а цените за истите се движат од 300 до 500 денари. Според Здружението на матични лекари, во ценовникот на матичните лекари стои дека медицинска потврда се наплатува, зашто капитацијата не е осмислена да биде доволна за секоја услуга кон пациентите.