2.9 C
New York
Saturday, November 27, 2021

Buy now

spot_img

Со Улицата Личка е направен голем проблем. Градоначалникот Јорданов решението го договара со граѓаните на лице место

Непрофесионално, неодговорно и набрзина се тргнало во решавање на комуналните проблеми со улицата Личка во Штип. Брзајќи да се ослободи од граѓанскиот притисок  претходната локална власт направила серија од големи грешки  изјави Градоначалникот Иван Јорданов  на средба со жителите од оваа улица.

Сакам да ги замолам жителите за трпение затоа што сакаме улицата да биде функционална. Дополнително ќе се направт нови ископини“ изјави Иван Јорданов , градоначалник на о. Штип

Она што Надзорот го констатирал, овдешните жители го гледале секојдневно и уште тогаш сугерирале, дека на нивната улица не се работи како што треба:

„Не е добро колку што јас ја знам работата овде има некомпетентни личности што го работат ова„  изјави жител на ул. Личка

За грешките да се поправат, а улицата да се стави во функција што е можно поскоро, екипи на Исар со интервенција на водоводната линија започнуваат итно:

Екипите на ЈП Исар во наредните неколку недели  ќе ја завшри работата и се надевам дека ако не послужи времето улицата Личка за еден месец ќе биде завршена“ изјави Иван Јорданов , градоначалник на о. Штип

Улица Личка е единствена сообраќајница која со центарот на градот поврзува најмалку 1.000 семејства . Оттука , нејзината брза и квалитетна изградба е прашање од приоритетна природа.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,030FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles