2 C
New York
Sunday, November 28, 2021

Buy now

spot_img

Од денес такси услугите во Штип се повисоки за 40% и стартот чини 70 денари

Од денес такси услигите во Штип се повисоки за 40%. Наместо досегашните 50 стартот ќе чини 70 денари а секој нареден километар чини по 20 денари. Оваа одлука доаѓа по серијата поскапување на цените на горивата која нивната работа во последниот период ја направи практично неисплатлива:

Со покачување на цената очекуваме дека ќе се подобри и квалитето на такси услугата и безбедноста но и враќање на колегите во оваа дејност изјави Глигор Арсов-претседател на таксисти

Новите цени за такси возачите не докрај ќе им ги покријат предвидените трошоци но сметаат дека ова нив ги враќа во живот

Сега за нас ќе биде подобро, со ова покачување ќе можеме да си ги покриваме основните трошоци за живот  изјавија анкетираните такси возачи

Интересно во оваа ситуација е тоа што граѓаните ова зголемување го очекуваа и за нив по ескалацијата на горивните цената на  такси услугата е нормално да биде зголемена.

Ова беше очекувано и тие се луѓе и мора да живеат од нешто изјавија анкетираните граѓани

Во моментот во Штип такси превоз вршат само 150 од предвидентите 250 возила. Причлина за ова е неисплатливоста поради што таксистите масовно ја напуштаат оваа професија.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,032FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles