3.8 C
New York
Saturday, November 27, 2021

Buy now

spot_img

Митровден е , а ориз на кочанските ниви се уште има

Не паметат кочанските производители кога оризот неожнеан им останал на нивите до Митровден. Оваа година им се случи и тоа , а причините се дождовите , но и разочарувањето од ниската откупна цена:

„Само 20% е ожнеано додека 80% стои сеуште неожнеан. Причините се поради временските услови а најмногу  поради ниската откупна цена изјавија оризарите

Причина за ова е елементарното собирање и вадење кое е на штета на производителите , па тие дополнителни трошоци за жетва немаат намера да прават:

Треба да биде барем 25 денари а не како сега 15 денари значи тоа е многу малку за да можеме да ги покриеме основните трошоци изјавија оризарите

Време оризарите да се предомислат и жетвата сепак да ја приберат имаат уште малку денови , зашто при предолга обилна влага арпата ’ртее на коренот, а доколку се собере нема време да се исуши , што практично значи дека таа е неупотреблива.

Вовед во оваа криза беа апелите за повисока откупна цена , подоцна организираните протести и на крај неуспешните разговори со откупувачите и владата. Сега практично, она што оризарите го зборуваа и се остварува. Голем дел од овогодинешната реколта останува на нивите.

Related Articles

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Stay Connected

0FansLike
3,030FollowersFollow
0SubscribersSubscribe
- Advertisement -spot_img

Latest Articles